распрснува (гл.) - во (предл.)

Гледано од под вода, секој бран се распрснува во хаос од меурчиња чиешто вртложење е непредвидливо, иако можеби може да се објасни ретроспек­тивно; блескавите тропски риби се влечкани ваму-таму без страв, будни но без ум и сосема одомаќени во својот восхитувачки сложен, огромен и протејски, потполно безумен елемент. 64 okno.mk __________________
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Заедничката тага на културата што изумира се распрснува во мали единечни таги, во парченца семеен живот, во мириси на стариот мебел, во кревки импресии за мистеријата на индивидуалното, во претопени симболи на изгубената сила, во декадентни блудничења и идилично – сентиментални описи на природата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Од друга страна, може да се замисли едно, што поради меланхолија што поради ветрот што сосредоточува и распрснува во еден ист момент, избледено говедце (Пандалф?), во црна сомотска наметка опшиена со ѕвончиња, како, налик на Херекле речиси збудален од љубовта кон адската Мелеагрова сенка, талка по, да речеме, асфоделските полиња, изложено на невидливиот „ветар што ги свива само сенките”, и на тој непрекинат самрак во кој одразите се двоумат како слабо привикани духови, останувајќи заглавени во, според Вергилиј, вратата од слонова коска, вратата од рог, немоќни да отидат било каде.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Лесно му е на Филип кој громогласно, незбунето се смее, и кога скапата порцеланска ваза му се лизнува низ раце и се распрснува во стотици парченца.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)