распушти (гл.) - коса (имн.)

Чувајќи ја пушката в скут, ја симнала шамијата, ја распуштила косата, руса, бујна и природна, како и наживот, и ја собрала кукул на тилот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мажите рекоа Тпвуу, `бати животот и со голите петици ги нагнетија плуканиците во земјата, а жените и чупите, ги симнаа шамиите, ги распуштија косите и зедоа и тие да редат заедно со Атанаса, зашто тоа што се случи со чупите Ѓореви, со Милица и Милјана, е најжалосното нешто што може да му се случи на родител, на брат, на ближен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И двете беа русокоси, високи и стројни како самовили а умреа во најрадосно време за една мома и за нејзините, кога беа свршенички.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во такви околности, учесниците можат да си дозволат да си ја распуштат косата и да не се прават подобри или посекси одошто се.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)