раствора (гл.) - во (предл.)

Спротивноста звук-тишина се раствора во сеприсутната звучна стварност, а истовремено се создава и дуализам објект-субјект помеѓу слушателот и оној што се слуша и произведувачот на звуците и звуците кои се произведуваат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но набргу и тој се раствора во мноштвото тела, гласови, елементи, истовремено љубовници и соперници, што се привикнуваат едно со друго, едно во друго.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Со допирот на сеќавањата сѐ се раствораше во бистрата вода на свеста, во прекрасен процут, во пролетниот развигор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А таквата општествена состојба е состојба на светот во којашто историјата не се дефинира во загрозената линеарност на чувствата на некакви си „историски цели” (финалност еднаш засекогаш формулирана, што ќе каже дека преминала од другата страна на финалноста на практичниот разум, во еден екстрем на вирулентно, логички недофатливо постоење), туку дијалошки, аналитички, се испрашува и раствора во самиот човечки живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
КРЕК (CRACK/ FREE BASE COCAIN) Форма: Крекот е мало бело или жолто каменче на freebase кокаин - прашокот на обичен кокаин хидрохлорид се раствора во вода и се загрева најчесто помешан со сода, за да се ослободи кокаинот од солите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)