растовари (гл.) - во (предл.)

Кога еднаш нив ги фати шумарот со три товари дрва и дрвата им ги растовари во дворот со три товари дрва и дрвата им ги растовари во дворот кај Панда, тие ноќта ги преукрадоа дрвата од дворот на Панда и им ги однесоа на ливаѓани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така ја донесоа, ја растоварија во дворот и ја качија на конакот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А дрварот кој одмара под замолчаната воденица напуштена од водите и зборливите птици ме почести со две-три голтки од пагурчето и со приказна од Четириесетчетвртата, кога окупаторот, по борбите на Осогово, ги растовари во дворот на Кочанска црква дванаесетте мртви, од своите...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Го одбегна ударот, со десната нога му го изби штикот од рака и во истиот миг неговата тупаница се растовари во лицето на противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тука нѐ товарија во вагони и возот нѐ растовари во Браилово, каде имаше многу деца од преспанските, костурските и воденските села и секој ден пристигнуваа и други.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)