растопува (гл.) - во (предл.)

Светат лицата на овие младичи во неснослива усвитеност и се растопуваат во црвената проѕирност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бледото лице на Арсо постепено се растопуваше во мракот веќе налепен во аглите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше како некоја маѓија, од која оние двајца се растопуваа во таа млечна нестасаност на виделината, бидејќи тука всушност како да немаше никакво оддалечување. Сигурно затоа што им ги гледаше само грбовите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овој синкав лач во неговите очи ја растопува во некаква заборавна умиленост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Евгениј Попов МЕТАМОРФОЗИ Варијации на тема, зададена од М. Булгаков
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Скромниот студент Миша, роден во с. Кубеково, К-ска околија, седеше на пролетната клупа и ја бубаше лекцијата од филозофија: - ... тие тврдат дека колективот ја потиснува личноста, го осиромашува нејзиниот духовен свет, дека личноста се растопува во колективот и нејзините интереси се жртвуваат ...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Светлината што џарка од нивните дворни пенџериња, сите еднакви, еднакво мали и поредени едно подруго во долга и права низа од Северна Порта до Западна се растопува во светлината на месечината, па одвај, одвај да може да се рече дека таму има пенџериња и дека тие светат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)