рашири (гл.) - во (предл.)

А тогаш намуртеното лице ненадејно се рашири во нешто што можеше да биде почеток на насмевка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не помина многу време и ситното лице на Пена се рашири во радосна насмевка во исто време претворајќи се и во глас полн со милина и топлина Пелагија!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кон небото полетаа ракети. Една, две, три, па се раширија во чудесни светлосини, жолти, црвеникави букети.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А таму, на крајот од улицата пред да се рашири во неголемо плоштадче тоа и се случува, Пелагија сосема малку ја свртува главата, нејзините очи ги уловуваат оние на Мурџо и Мурџо така да се рече вместо запира и чучнува на крајот од улицата, крај самиот ѕид на последната куќа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)