рашири (гл.) - свој (прид.)

Тогаш ќе можат да ги рашират своите недоразвиени, и како перки, крилца, ќе прваат со нив и мрзливо и нежно ќе се одмораат на земја за да ја изложат својата розова кожа на хранливоста на сонцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се испречи пред коњот, застана и ги рашири своите големи црни очи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе биди жакето до сабота?“ и ја рашири својата прекрасна бујна насмевка со длабоко, сочно зрачење низ големите округли топли очи со долги трепки и широки веѓи, гушкајќи ја сестра си. ***
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)