раѓа (гл.) - друг (прид.)

Така, ја крпиме уште со зборови. Еден збор те фрла на друг, една мисла раѓа друга.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа ѝ противречи на можноста овие монструми да раѓаат други како нив до бескрај, да се предизвикуваат меѓусебно во просторот кој станал драматизиран од таквото нивно натпреварување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На лекарите што ја лечеа порано, сето тоа не им беше чудно: една крајност, раѓа друга, велеа: потиштените чувства тлеејќи во неа, сега наеднаш избувнаа како чир, како експлозија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Истоштена од семејните грижи, кревка, без некогашната енергија кога ги раѓаше другите деца и долго време ги доеше, некои и по една година, нејзините гради останаа речиси пресушени за последната рожба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Децата две нејзини и две негови, си намигнуваа; заборавија што учеле до пролетта на училиштето; учителката отиде во некоја бања со сулфурна вода и со по четири кревети и дрвеници во собите, нема кој да им ги извлече ушите на учениците, зреат, смешен им е животот, на едните Марко не им е татко, другите во Јага не гледаат мајка: таткото седи под каца, мајката плаче, децата кришум гледаат, потоа шепотат ноќе и погодуваат како се родиле и како се раѓаат други деца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од таа темница се раѓал друг Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лежел. Бил ден, од денот се испарувала темница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)