реализира (гл.) - идеја (имн.)

На пример голема среќа беше за нас што прекинавме со Сталин, пред да се реализира идејата за основање атеистички музеи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега му преостануваше малку, многу малку време за да ја реализира идејата за бегство преку границата на Езерото што ја разработуваше долго време, во сите можни варијанти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сè до октомври 1943 година, на територијата на Македонија Британците немале свои воени мисии и агенти кои би можеле непосредно да видат и да известат што навистина се случува.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По извршените анализи, британскиот политички врв оценил дека во однос на Македонија треба да се внимава пред сè да не се дозволи остварување на идејата за јужнословенска федерација и посебно да не се реализира идејата за формирање самостојна и обединета Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)