реализира (гл.) - во (предл.)

Договорот мораше да се реализира во најголема тајна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Целта на друштвото беше неговите членови да се запознаат и да си изработат една програма што ќе ја реализираат во Македонија тајно од српската пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Страстите во семејството би можеле, значи, да бидат природно премолчени струења, кои не се реализираат во нормално семејство.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И покрај сеопштата желба на човекот за „вештачките раеви“, без оглед дали се реализира во текот на животот или не, таа секогаш е присутна и би можело да се каже дека е повеќе правило отколку исклучок.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Значи, тоа што кај римските преторијанци ќе се оствари во текот на историската еволуција, за турската армија ќе се реализира во текот на регрутацијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Набргу по објавувањето на Манифестот, под притисок на бугарската влада, Тодор Александров и Александар Протогеров се откажале од потпишаниот договор.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Се потенцирало дека самостојна и обединета Македонија би можело да се реализира во рамките на една балканска федерација со политичка и морална помош на СССР; дека нејзината борба подеднакво ќе биде насочена кон грчката, српската и бугарската влада и најавила соработка со балканските комунистички партии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Само еден член од групата, капетанот Џорџ Мусулин, инсистирал да биде спуштен кај Михаиловиќ, а тоа и го реализирал во октомври 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По завршувањето на брифирањето, Менсфилд заминал за Дерна во Северна Африка, која била одредена како место за тргнување и за инфилтрирање во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Имено, од аналогијата дека духот и телото се однесуваат всушност како софтверот и хардверот, односно дека менталните состојби се реализираат во телото како што софтверот (програмот) се реализира во хардверот (компјутерот) се извлекува заклучокот дека менталните состојби всушност се физички состојби, само од посебен вид.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ваквите теории најголем дел од својата „енергија“ ја црпат од наглиот развој на кибернетиката, компјутерите и она што го нарекуваме вештачка интелигенција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Никој не беше се сетил дека поканата за патување во Албанија ни беше испратена да ја реализираме во пролетта на 1979 г., кога во оваа земја на големи тапани се славеше стогодишнината од раѓањето на Сталин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)