реди (гл.) - работа (имн.)

„Ама чаре има“, ѝ велиш победоносно, дека е среќна што те пронашла токму тебе во морето измамници што, ете, само се декларираат како сопственици на способности од видот на гледачи и предвидувачи, и исцелители на кои им е дадено со поглед и допир, како да се нечија продолжена рака, да ги редат работите по желба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Господ? Кој господ? Шејтанот тука реди работи!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не е у другта, испадна да причека адно другар, ки са врне, нема кај да оде на вакво кијамет! вели Пена и снова по одајката, де отвора сандук во ќошот, де влече фиока од креденчето донесено од Гаково, реди работи на подавалникот за да ги почести гостите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Едно по едно ги редев работите во тремот, за кога ќе дојде Методија, да ги изнесеме веќе спремни.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Си го зеде коњот и си отиде кај старите јатаци Цуцуловци, што го хранеа и криеја уште пред десетина петнаесет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како те ваќа умот сега — така прави! Ич мене не прашај ме за нишчо, па ниту со нешчо ќе можа да ти поможа, — си ја кажа Бешот својата сегашна положба и го остави Толета сам да си ја реди работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)