реди (гл.) - со (предл.)

Дуко Вендија се врати од џандармерија и Дуковица, цела ноќ го редеше со кромид и со компири по снагата. По изудреното, по набивките
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си ги ложам градите со облоги, се редам со винска киселина, ама не помага.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум го пикнала зад качињата, во конопта. Ја мачкам Роса по челото, по вратот, по градите, по рачињата. Ја редам со крпи, со ракиени облоги.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во саботата се плете невестата со гајтани, се реди со разни решмиња, монистра, ѕрнѕурки одзади по грбот, од тилот до пети, отспреди — од ушите до прстите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќерпичот се редел со раце или со специјални кошници, сѐ додека Шпанците во доцната бронзена доба од VIII век пред новата ера не започнале да ги печат циглите и тоа ќе означи нов цивилизациски скок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Градбите од ќерпич биле мошне издржливи, приспособливи за големи горештини, а при големи студови лесно се загревале, отпорни се и еластични на потреси, како градбите на цврстите материјали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)