рече (гл.) - е (гл.)

- Што е речено – речено е.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
— Жената не може без човек, вели, речено е да не може без човек, ама... варди се, мајче, вардете се, ми вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но единствено што можам да ти речам е: ти како Албанец од Македонија, како амбасадор мораш да работиш двапати повеќе од другите, а јас како Македонец, морам да работам еден и пол пат повеќе од другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Речено е веќе, а ние овде ќе треба само да го повториме тоа Стојан Христов на тој начин ја понесе славата на Македонија низ Америка. Навистина, тоа не е малку.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А речено е дека само јас можам да сум дарител што ќе го предаде каменот со благослов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)