рече (гл.) - ги (зам.)

Нема Парламент, нема пратеници што се проѕеваат, што спијат, нема бандоглави министри, кариеристи, Нема митаџии, контролори, наплатувачи, струјаџии, водаџии, нема ни патарини ни царини, а што е најважно: нема ни пци ни доушници, ти речи ги: кодоши.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Никој не се исправил повеќе отколку што му определиле тамошните влади, правителства, како сакаш речи ги.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Значи, зборот ми беше за персоналот на некогашните продавници, самопослуги, гранапи, колонијалчиња како сакаш речи ги.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)