рече (гл.) - еден (зам.)

„Ви благодарам на љубезноста”, рече една од девојките, сѐ уште јачејќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
ПЛУТА - „Многу сум му лута на господин Плутониум!“, рекла една плута што мирно си пловела по една река толку загадена што ја нарекле Плунка. (забележил: Плутарх)
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сѐ завршуваше совреме што од страв дека ќе се оствари идејата за големата и едина љубов што по сила на обврските и жените вешти во обезличувањето на иднината или со благословот на неповторливото - како што би рекол еден од нејзините пријатели односно, оние кои се повеќе од тоа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јас, тежок збор, што би рекол еден Андриќ, збор кој пред очите на оние пред кои е кажан, го определува нашето место, кобно и непроменливо, често далеку пред или зад она што ние го знаеме за себе, надвор од нашата волја и зад нашите сили.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Оставете го детето на мир“, рече еден човек пред нив, ненадејно вртејќи се.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ах, ви благодарам, ви благодарам многу”, рече една од девојките. „Вие не знаете колку ни значи тоа.“ Хернандо се насмевна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Веста на најстариот брат за пописот го собра сето семејство на чардакот. – Попис на козите, ја прекина мајка ми прва тишината – не ќе е на арно! – Тие сакаат да видат колку кози имаме па ножот! – рече еден од постарите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Тешко е да се разбере војната, Мајко! - рече еден од браќата. – Сине мој, сполај му на Бога, ти не виде војна. И никогаш, да даде Бог, да не ја видите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)