рече (гл.) - им (зам.)

И како што се стискаше на задниот ќош, се довлечка лазејќи до Шаќира и му прошепна: — Речи им бре, речи им.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Речи им ти, зошто јас?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Речи им дека штурците имаат рогови, тие ќе се согласат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Речете им дека сум загинал во борба...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Јас не можам да им наредам, велам, речете им вие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е болест како и секоја друга…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе бидам многу задоволен ако добијам некакви новости за тоа што мислиш ти за мајка ни и за сестра ни и дали тие се добри; речи им да го прифатат ова што се случува со мене како нешто поради што не треба да бидат премногу тажни, зашто јас сум релативно несреќен, но ете, можеби и покрај тоа, имам пред себе уште многу скоро обични години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Жана, ти си инженер по шумарство и хортикултура, речи им на учениците што ги интересира, додека да го разгледаат теренот. Бидете експедитивни - само десет минути!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Речи им на сите што ги познаваш да донесат што било, што имаат“, ми нареди токму онака како што обично го прави тоа, без дури и самата да знае што нарачува и што ќе се случи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А зошто ти е толку храна“, прашувам јас, „кога јавно објави дека ќе гладуваш?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Речи им таа своја инвазија да ја одложат за утре“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Измина пет. Речи им ...“, очите ѝ се раширија, а потоа ѝ се набраа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)