рече (гл.) - нешто (зам.)

Коле се поткрена од клупата и нерешително, збунето, се обиде, од името на сите, да рече нешто: - Учителе... ве молиме - му затреперија усните, а очите му се премрежија со солзеста пајажинка.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе го пуштам орото, ќе си се потргнам настрана и ќе си речам нешто под носот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Помладиот му ги преброи парите и сакаше да ги стави в џеб, но постариот со црното брадулче, му ја тргна раката и му рече нешто.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Тогаш, ајде, кажи една стихотворба, - ќе го потсетеше другарката Оливера Срезоска. - Речи нешто!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
ИВАН: (Повторно се обидува да рече нешто.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Постоја, постоја чекајќи некој да му рече нешто и кога ништо не чу, сакаше да седне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Може да рекол нешто, вели, но што можел пијан човек?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)