рече (гл.) - овој (зам.)

Мразот ѕвечна удирајќи по тешкиот кристал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Кажи го, куме, името“, му се заврте попот Никола на Јосиф. „Дабижив“, рече овој свечено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„По колку давате?“ го праша братучедот. „Стандардно, по десет посто секој месец“, рече овој, отпивајќи од чашата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Да не ти е нешто лошо, Терзивче? - Не, рече овој пеејќи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Целиот град веќе врие, вели пашо“, му беше рекол овој на својот измешан јазик, откако му кажа зошто беше дошол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)