рече (гл.) - сѐ (зам.)

А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одлична прилика да и се посветите исцело на науката.“ „Јас тоа и го чинам“, самоуверено го гледаше Иван. „А за Јана немам што да речам. Таа сама рече сѐ.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Овој сега е во состојба да ти рече сѐ, а јас го знам и како човек, што знае да биде и молчелив како земја,особено кога ќе појдиш кај него по белешка за исплаќање на твоите трудоденови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)