рече (гл.) - таков (зам.)

Значи, кога се носи одлука, да речеме таква каква што донел или ќе донесе мојот хендикепиран роднина, се користиш и со мислата и со чувствата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Наместо тоа, Бригид рече такви работи на сметка на Ултра, што не се осмелувам да ги пренесам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Навистина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И тогаш Мерв почна полека да сфаќа дека Бригид и нема да биде толку пријатен гост и беше во право.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ниту францускиот амбасадор рекол такво нешто ниту бугарската влада можела да вети дека ќе влезе во војна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ж: Никогаш не сум рекла такво нешто.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ни рече такви како нас, орли, соколи, кажуваше и некои други имиња на пилци, сме само за на фронт, дека ние сме дораснале да ги замениме нашите татковци и браќа што останаа на Грамос и на Вичо, ама имал добиено строга наредба да не не враќа иако тој со големо задоволство би извршил уште една голема задача спрема револуцијата праќајќи не нас на боиштата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ни рекоа дека наскоро ќе почнеме и да пишваме и дека на секј ќе ни дадат по половина молив и по една тетратка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
-В. Зрновски сигурно не рекол такво нешто во мое присуство! - малку подоцна објасни Жолтко: -Но јас ти верувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)