рече (гл.) - тоа (зам.)

— Ами шо друго сакаш, мори златна? А да те чуа и ти да го речиш тоа, де?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Првото нешто што може да се рече тоа е дека ние не сега се одделуваме од Бугарија и со тоа раздробуваме едно создадено цело, туку сме одделни и живееме веќе одделно повеќе од 25 години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Кој го рече тоа? Да видам којa го рече тоа! Тишина... мир...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Што?! - викна Кикицас. - Има големи загуби, а сѐ тече без паника? Кој ти го рече тоа, а?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие од второто биро се распрашуваа кој го рекол тоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Навистина е прекрасен“, рече старецот одобрувајќи. „Но многумина не би го рекле тоа денес“. Тој се закашла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Долу Големиот Брат! Да, јас сум го рекол тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На секои неколку минути старецот повторуваше: „Не требаше да им веруваме. Јас го реков тоа, мамо, нели го реков?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќето луѓе би го рекле тоа, ако ги прашате.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Би сакала да речам, белким ќе сфатиш, но веќе не можам да го речам тоа. Доцна е.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Знам“, вели, но начинот на кој го рече тоа и како одмавна со рацете, кажуваше дека е тоа само обид да се одбрани од моите зборови на кои не веруваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И во тој миг, мене почнаа да ми се ројат мисли необични низ главата. Зошто ми го рече тоа?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Марин Крусиќ нажалено кимна: „Ти го рече тоа”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама игуменот, откако го рече тоа, си ги собра црквените книги, петрахилите и кадилниците, и заедно со калуѓерите се стегна за Хилендар, а рајата остана сама, да се чуди што ја снајде.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога муштеријата ќе речеше, сполај ти мајстор Димо, што ме чекаше со плаќањето, или сполај ти ибн Пајко, што не ми земаш фајде, Бошко растеше од среќа како самиот да го рекол тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И штотуку го рече тоа, синиот пајак со златна глава го снема.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се изгуби како и пролетта со сето свое шаренило пред малку.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
При секој празник, попот ги подучуваше луѓето, им велеше да си прават сите црковни редови, да не ги закопуваат луѓето како ајвани, туку задушниците редовно да им ги носат како што го рекол тоа господ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како тоа наеднаш, се прашував, најпофалуваните и најсаканите простори на желбите и намерите на мајка ми, се престоруваат проклети места што нудат толку малку надеж?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем не еднаш и ти го имаш речено тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Збровите со кои се трудеше да ме одбраниш умни ти беа, батка, и добро обмислени.: „Афериве што се обидуваме да му ги припишеме на наш Боге, тврдам јас, се обични скалила од чад по кои се обидува неговото машко его да се покачи повисоко од другите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас го реков тоа, или ти му се обрати токму со овие зборови на оној силен состав од умни партијски глави на состанокот што беше свикан со една единствена цел јавно да бидам кастриран?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Кој ти го рече тоа? - Самиот видов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Богдан Преслапец пак се загледал во неговиот нос.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На ова помислив кога го слушнав она нејзино: нели станува збор за грди, лигави спомени.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го рече тоа со подбив, со мирен глас, како да станува збор за грутка снег што одамна се има растопено а во нејзината дланка останала само лигавата навлажнетост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште кога чу дека Луман излегол од оваа страна на планината, прв меѓу селаните се крстеше и се молеше вака: „Само, луѓе, речете тоа зло од нас далеку да биде“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)