рече (гл.) - бег (имн.)

„Ако рече бегот, што ќе праве тој мрсолко?“ — со право се тешеше таа и го чекаше денот кога пак ќе ја праша Адем.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Вистина е,” рече бегот смирено, откако ги покани да седнат, а на измеќарот му даде знак да го крене грозјето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Мене и тамбурата не ме сака, како и жените,” рече бегот по мала пауза, и со горка насмевка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Бујрунус“, рече бегот, посочувајќи му на рибарот место на спротивниот миндер.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Аферим, сигурно е добра“, рече бегот полека, делејќи збор по збор.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Разбирам, кардаш“, рече бегот, „секој со своето, а?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Е па сега, да те прашам и друго“, рече бегот пак нажалено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Доцниш, ибн Тајко!“ рече бегот, но не луто, повеќе со благ прекор.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ти не знаеш, бегу?“ „Знам,“ рече бегот и воздивна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Така е“, рече бегот со воздишка. „Така е. Книгите се умот на сето глупаво човештво.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)