рече (гл.) - другар (имн.)

Со еден збор ќе одморам во потта и крвта што ги пролеав во борбата против англоамериканскиот империјализам и домашните предавници, во борбата, велам, за народната слобода и светската пролетерска револуција. Токму како што рече другарот Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зарем ќе противречите на тоа што рече другарот Захаријадис?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Опиум! Опиум е верата за народо. Така рече другаро Захаријади... Да...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Убаво рече другарот Алајко, земете си ги мандолините, цаманмките, удрите по теловите, по барабаните и тапаните; играјте и пејте; веселете се.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом така рекол другарот Захаријадис, значи е така како што рекол и нема зошто да не му верчваме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Знаеш, тој како шеф има малку стиснато шупче, како тртник во штирак, како што би рекол другарот Геро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јани не одговори, ами ја продолжи прекината мисла: - А вие, кои ќе тргнете со скепарите и мистриите, тогаш ќе бидете антипартиски елементи затоа што ќе заборавите што рече другарот Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)