рече (гл.) - во (предл.)

Вадим стана да погледне во што е работата, но кога пријде, татко му веќе беше мртов. Насекаде завладеа тишина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Утрото Ирина рече во себе: „Брзо куртуливме од него“. Наташењка плачеше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Последниот контакт со мојата мајка беше телефонскиот разговор околу 9,30 часот, утрото на 14 април.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дојдовме како што реков во 1955 година во ноември... (тука е крајот на нејзините исповеди) Тука застана мајка ми Ласа Кривошеева Скендерова.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тука бев можеби и посигурен”.  „Господ нека ни е на помош”, му рече во часот на разделбата.  „Мислам дека ќе одам на друго место”, му дошепна Готлиб гушнувајќи го за потивко да му дошепне: „Сега не е време да се биде дома”. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ќе те пуштат и тебе...“ - му рече Готлиб додека се слушаше отклучувањето на вратата од карцетот.  „Мислиш?“ „А што ќе си им тука?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во уметничкиот систем се работи за коегзистенција на хетерогените елементи, чија што изолирана анализа не би можела да ни ја разјасни целината, токму затоа тие елементи се концентрираат околу различните средишта на хетерогените извори и автономните погони (естетицизам, традиција, естетска иновација).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Под заедничката стреа на уметноста без тешкотии се ставаат различни работи, да речеме во смисла на Baudrillard-овата мисла од Проyирноста на злото: „Ништо веќе не се спротиставува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најпосле, водејќи го за рака детето, жената запрела еден таксист и замолила да ја одвезе во Хагено, зашто, така ѝ рекле во Службата за социјални грижи од овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но кој ја дочитал сета од крај в крај? И ако ја дочитал, кој е тој да памети на средината сѐ што се рекло во почетокот, и на крајот - сѐ што пишува во средината?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што му паѓаше на ум — не се враќаше назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Отепа толку Турци, па нека отепаат и они еден Толе, мајка му стара“, — си рече во умот и ја напушти Градешница со еден пророчки поздрав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас не сака да ве права ни Бугари, ни Грци, како шо не су ни јас ни Бугарин, ни Грк, ами ваш брат Мариовец, Маќедонец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Толета му светна лицето. „Аха! — си рече во умот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Тие се" — рече во себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во соседството на Илија беше и куќата на другиот работник — Митрета Гулев, кој беше оваа година и селски коџабашија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ако наврати до кај триста, ќе го земам", — си рече во умот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Не му тежи умот и тој магарштилак да го направи", — со право си рече во себе Сефедин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
okno.mk | Margina #26-28 [1995] 15 16 АЛЕКСАНДАР СТАНКОВСКИ „Оѕверен страв од совршенство“, рече во една прилика господинот Вулкански за својот пријател, сликарот Александар Станковски.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Ако пропуштам вечерва, никогаш не ќе станам мајстор“, си рече во себеси Веле решен на сè.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Глупак си реков во себеси и се насмеав.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Каква упорност“, - си рече во себеси Аргир и воздивна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жив е, жив е, си рече во себе, ама ова не е на арно. навеваа нови сомневања.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Да го споменеме, на при­мер, меѓу илјадниците други, примерот што никогаш не сум го наведувал - објасну­вањето на Мајстор Екхарт кој известува за тоа што Мајмонид рекол во врска со обрезу­вањето, колку научно толку и наивно: “при сечењето на препуциумот повеќе се имало наум уживањето и задоволувањето на телото отколку создавањето на ново суштество.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се разбира, можам да поверувам дека се препознавам, поистоветувам со својот потпис или со својата реченица, но единствено потпирајќи се на искуството и на вежбата кон кои сум обврзан, трудејќи се да бидам како другиот, со оглед на тоа дека можноста за повторување, па според тоа и ими­ти­рање, привидност, е запишана во самото извориште на таа единственост. 4Вашиот повик е двостран: сакате да ја промените праксата на читањето и да создадете некој вид заедништво меѓу своите читатели. 4Баш и не го сакам зборот “заедништво”, дури не знам ни дали сето тоа ми се допаѓа. 4Зборот го употребивте вие. 4Доколку под заедништво подразбираме, а тоа често е случај, складна целина, темелен договор и сложување во врска со појавите на несложност или војна, тогаш не верувам премногу во него и наѕирам во него колку закани, толку и ветувања. 4Мислам на она што Роџер Шартие го рече во врска со читањето, велејќи дека смислата на читањето е поврзана со начинот (праксата) на читањето, начинот на дружење со текстот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А “разградбите”, за кои почесто зборувам во множина, сигурно никогаш не означувале некој проект, метода или систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Андерграунд движењето кое вистински дејствува во андерграундот, едноставно не смее себеси да си дозволи никаква гласна униформа“, рече во една прилика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Просто сакав да напоменам дека, во моментот кога зборувам за сопственото обрезу­ва­ње, сите тие решетки на исчитувањето, наборите, преградите, повиците и преносите ни се едноставно под кожата, па и во полот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Има, рече во дворов на општинава еден пеливан од Кичевијата кој од пред три дена низ сета каза прилепска бара јунак сприти себе, а нашиот прилепски јунак, кој ќе го надвие кичеецот, еве го, покажа на Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Остануваат блиските твои во земјата која ја напуштивте, останува твојот народ таму и овде … рече во еден здив А.А. Беше јасно каде целеше А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Така беше! – рече во миг на занес А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите очекуваа што ќе речам во продолжение: - Комунизмот имаше крајна цел да го заземе кај народот трајното место на религијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко беше внесен над една книга и не рече во мигот ништо, а пак Мајка, внесена во плеталото, побудна од својот сопруг благо рече: - Сине, Бог е во нас! Мајка потем замолкна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова ми го беше рекол во врска со непристојното однесување на еден од моите соученици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лично беше слушнал дека ме нагрдува со лошиот прекар копиле.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека патував низ Македонија во мојата глава ми брмчеа следниве стихови на Волтер Скот: Живее ли човек со душа толку мртва, та никогаш да не си рекол во себе: Ова е мојата сопствена родна земја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
-Дозволете, според мое мислење тој факт не му се случил на Херасков туку на Тредјаковски - ќе речете во тој случај, доколку сте начитан човек, на што Сухов одговара секогаш исто: „Работата е нејасна“; ако не сте начитан човек, вие само ќе кимнете со главата, само можеби малку ќе се солидаризирате: „Ете како се подбивале со поетите во времето на царизмот“. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 69
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А тој одговара: „Срам ми е, Гаврил Романович, но што да се прави: не можам да не пишувам...“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Ти реков дека не сум спиела со него“, рече во паника.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш, да речеме во наше време, тука имаше вратиче опковано со четири редови бодликава жица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како сведок, Милан се јавил пред Судот и го прочитал следниот однапред подготвен текст: „Господа судии, долупотпишаниот осуден во врска со настаните во градот од 28, 29 и 30 април, сѐ што сум рекол во врска со обвинетите лица на кои сега им се суди, е забележано во протоколите на Воениот суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тато и тетка Рајна и мене сѐ ми беа приготвиле, но јас за тоа никому ниту еднаш не реков во класот...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оние што имале можност да прочитаат, сигурно чуваат податоци што ја откриваат улогата на театарските критичари, ајде да не одиме далеку, да речеме во Америка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Налет да се парите што ги спечаливме, рече во една нервоза, во една паника Анастас, сѐ в џенем нека фати, кога излез одовде ни нема, и почна да купува пијалок, да пие, да ја труе душицата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе седнам во окопата и ќе си речам во умот: еј, Јоне, Јоне ејди главо главино, стравот ти го стегнал газот, а ти ги опулил само очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па што ќе ми е веленце, ќе си речам во сонот, вели, кого ќе женам, кого ќе мажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја кренал здрвената рака забигорена до самото рамо и најпосле, како со туѓ показалец, го повлекол железното јазиче на кубурата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
“Шемата за вечерва не важи, мириса на лошо,” ѝ рече во ходникот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Водомаре, рекоа во себе. Не ми кажа ништо за џинџестата птица Жеро Жеров.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Стори го тоа, Жеро, реков во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе се извлечеме и пак ќе не зграпчат гардистите на Мортенија, реков во себе. Гардистите се моја грижа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За својата сказна за момчакот и костурот да ти врати своја сказна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеш да ме наречеш и со тоа име, немо ми одговори пајакот, но јас сум сепак волшебник без име.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На жеравите старата татковина им била кај Нил, место на кое во тоа време немало фараони и пирамиди.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во Пупипафија живее крпачот на чевли Стрико Шило со својот мачор Чом, реков во себе, но не и само за себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Му реков во себе: Ние сме сега пријатели, Пајо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Зашто Чом? Ти си ми должник. Знам, пак реков во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- За буна и за бој што ќе ви донесат слобода, - им објаснив.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеш да го сториш тоа, господар си им на соништата. Бев, реков во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Визиите од ноќната мора не ме напуштиле. Немоќен сум.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сакам да те развеселам. Развесели ме, реков. Стори го тоа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе останеме ли засекогаш заедно?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Здраво, Пајо, му реков во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Им рече во исклештените муцки: „Зашто носам проклетство. Затоа.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ме допрати до главната излезна порта на која стоеја неколку војници наоружани со калашникови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бешир беше крај мерцедесот. Ме забележа замислен. Не му реков во кој правец да вози.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Впрочем, внимателно, има и други јадења...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние бездруго нема да ја доживееме судбината на скржавиот имам? рече во шега Камилски откако мацна во чинијата со скршеното парченца од погачата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бакшишот се ширел на Балканот како барутот рече во шега Татко, а Камилски слатко се насмеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски со солзи во очите дочитуваше други делови од тезата, потоа сам си налеа од ракијата и гордо продолжи: И знаеш ли уште што реков во одбраната на тезата на нашето балканско дете во земјата на големите Рабле, Монтењ, Жан-Жак Русо, Дидро, Волтер, кои длабоко проникнаа во суштината и одбраната на човекот?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние сме на почетокот на ручекот, ќе видиме на крајот, рече Мајка пред да замине со госпоѓата Камилска да го донесат новото јадење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин османските султани, кога стапувале на престолот, но и во други пригоди, им давале добар бакшиш на воените лица (јаничарите, спахиите...), улемите и на видни чиновници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да внимаваме и ние да не се прејадеме? рече во шега Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Попот (да не остане со неспомнато име и презиме -Георги Тушев) не беше во Кукулино неколку дни и се врати, рекоа во дебарска бања, блед, со стуткана брада, првпат во својот четириесет годишен живот сличен на шумски посник што клечи на камен и со склопени очи се мачи да ги досогледа тајните на светот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Мора да се посочи на големиот углед којшто земјата го има во светот, да речам во меѓународната заедница! - се јави Сашо, неодамна дојден во секретаријатот како завршен студент на економија со просек 9, 27.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Можеби зашто тој страдал и немал апетит, таа го презела напорот да го изеде јадењето, реков во полушега јас, сакајќи некако ако е можно да ја оправдам чудната постапка на таа мајка што, ете, останала толку години во сеќавањето на Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Попот се откажа и од ќерка си Бисера што го прибра Крлета и еднаш, кога таа отиде да го види, да му ги земе алиштата за перење и да му занесе едно грне кисело млеко, толку го налути кога му рече в очи оти тој е крив, а не Крсте, — го грабна од полицата грнето, и го удри од глава и ја истурка низ врата со полна уста клетви: — Еве откаде дуел ветерот шо ми го подветрил детето, да даде господ нека срдешница да а вати!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ајде, јас туѓите да и пригледам, бели и мене госпо д ќе ме замеша со некое", си рече во себе и го понамести малиот Илка поблизу до тавата за да може да си макне од тукот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тоа време Митра ја гледаше што прави, и кога почна да плете поарно од неа, си рече во себе: „Море, орјатката една, ваа пофарк ќе излезе од сете нашинцки невести!“, — но ништо нејзе не ѝ рече, само ја охрабри.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— На Митра и излезе пред очи малата Нешка кога падна од мајка и и кога беше во нејзините раце, издивна длабоко и си рече во себе: „Ах, мори Митро, ах мори будала!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум: – Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече: – Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа немаше влезено во турска куќа и не знаеше како изгледаат тие, но беше слушала од постари жени, та се присети каде се наоѓа. толку повеќе што веќе се освести и си ја претстави целата слика од пленувањето. – Во турска куќа сум, се гледа – си рече во себе и тешко се натажи. – Што ли ќе прават сега со мене?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нека ги, – си рече во себе, – и тие му се верни поданици на Калифот, нека земат по нешто и тие. Сигурно ќе има за сите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата ја понамириса работата. – Сигурно ова новово ја има маѓепсано кога разговараше со неа да се потурчи – си рече во себе и реши сам да се обиде да ја наговорува Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Аха!, си рече во себе аџи Јане. „Значи, треба да се нападнат од сите страни за да се скршат. Ете тоа ми треба“.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нека се знае и нека се прикажува: или и Анѓа ќе ја имам, или ниедно – си рече во себе и стисна срце да го чека резултатот од оваа опасна игра.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Види пак беља од Турчин, си рече во себе и ѝ се вратија во сеќавањето сите страшни слики од харемот на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дај боже и овој пат да би­де вака, си реков во себе. – И нели би така, Мајко! – рече нестрпливо најста­риот брат. – Би така, би, сине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа спокојно продолжи: Видов - невидов, реков во себе, не!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сигурно се сеќаваш? – Е на него не се сеќавам! – рече во смеа Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нерешителен да го стори пресудниот чекор во едната или другата насока, првиот пат да ја прифати „отоманската врска” која му се нудеше преку неговиот славен вујко Фетхи-беј Окијар, а вториот пат, да ја прифати „француската врска”, преку францускиот генерал Едуард Огист Мортие, командантот на окупираната зона на Поградец, за време на Првата светска војна, Татко засекогаш си оста­на во „балканскиот лавиринт”, како што и самиот рече во една пригода.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Што убаво по неговите страници би се пишувало, си рече во себе и по целото тело почувствува задоволство.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не ги интересира ти што си направил зашто и нема што да те прашуваат, осуден си веќе, се знае за што, туку те прашуваат кој што рекол во ќелијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Толку брзо забораваат овие старите“, си рече во себе, простувајќи му.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ааа... Та не оди пустиот“, рече Најдо од местото на нагорнината каде што беше застанат да собере душа, како што би рекле во Брезница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Скапи глупости, си рече во тој момент во излогот, како да е тука ставен по грешка, забележа еден дебел блок со зелена хартија. Застана фаќајќи ја Летка за рака и задржувајќи ја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Добро е, рече во себе. Мошне добро.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не се лажам, рече во себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Алкохол, проклет алкохол, рече во себе и чу: „Докторе пулсот...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како што почнува животот, рече во себе. Едноставно, од срцето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Тоа е она“, рече во себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Совршено, рече во себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Убаво ја виде жолтата ламба која осветлуваше рафтови со книги. Судба бегалска, си рече во себе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Што погоре, си рече во себе, поопасно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога тие не водат есап за односите меѓу сојузниците и Сталин, нема што јас да се мешам во тоа, си рече во себе Јагулче Дримски и повторно ја зазеде позата на внимателен слушател на текот на кажувањето на Цветана Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кој ли ќе е ова, си рече во себе старата Воскресија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потем нешто тивко си рече во себе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кутриот, не ја разбира иронијата, си рече во себе, но сега за прв пат мораше да се огласи: - Другар Горски ве молиме вашите согледби да ги насочите кон живиот свет на Езерото, кон прашања битни за нивниот опстанок, доколку дојде до промени на составот на водата на Езерото, со градбата на хидроцентралите, со менување на текот на блиската река кон Езерото, вклучувајќи ги и јагулите, за што е предвидено да се преземат и посебни мерки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Ја, - подрече Чакарвелика, го пристутка плеталото во скутот и не кревајќи ја главата кон нив си рече во градите: - Убаво сте смислиле, деца, ама вие дома не ќе можете да се вратите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Трајче си рече во себе: „Да знаеш каде е сега чичко Анѓеле?“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Зошто уште молчат нашите? - рече во себе си. - Зар ќе дозволат да ги одведат в логор?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Штом ќе препознаам некаде присуство на невиност ако не можам да му се придружам барем сочувствувам со него - реков во желба да го дообјаснам карактерот на моето учество во настанот кога веќе беше речено дека сум го подржал она што се случуваше минатата ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кузе рекол во управата дека му го продал некој Албанец од околните села и така се покрила работата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Ако ја приредеше прославата, Иван Степанович, негде долу на корзото, да речеме во Кралска круна, или во некој друг таков локал, никој немаше да размислува за девојкине ниту пак за тоа од каде се парите за прославувањето!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога го реков ова татко ти и вистиски зовре.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Паметам дека му реков во врска со чесноста на Иван Степанович; убаво паметам оти му реков, и тоа од збор до збор, веројатно поттикната од некое внатрешно претчувство, дека чесните луѓе веќе ретко се среќаваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па, колку што јас можам да сфатам, луѓето кои ги знам во основа не ја сакаат и никогаш не ја сакале авангардната музика и знам многу луѓе... разговарав со нив и им ги свирев тие работи, но поголемиот дел од нив не беа заинтересирани; а тоа се повеќето од луѓето кои ги познавам.  К: Не, но тоа не е така и во останатите видови од нивниот живот: да речеме во она што го јадат и останатото?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ја притисна на градите и си рече во себе дека треба да биде претпазлива од тука натаму, приказната да ја направи поуверлива и никој да не може да ја расколеба.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да немаш сила да кажеш, од кај си што си каков си, на негов јазик да плеткаш, да криеш род и роднини, да ти е мачно и тешко, кога ти рече в очите оти не си македонец.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Си рече во себе: „Изгледа го бомбардираа и го изгореа селото”.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Вистинските писатели сигурно не се занимаваат со такви нешта, - реков во себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Има таа право, - си реков во себе - казните се глупави, не се решава со нив ништо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Исусе, сполај ти, рече во себе Сандри, и крена еден претежок камен, та офна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Претерав си реков во себе, лага врз лага.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што ми требаше ова?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)