рече (гл.) - потоа (прил.)

Јас однапред знаев кој што ќе рече потоа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Абре, аман“, рече потоа Жабе, „тој не вели за тебе дека си штир, туку за бунарон“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така и рече потоа: „Може и да е така“, рече. „Животот на минатото е како бунар“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Дојди, ти удри“, му рече потоа. „Ееебаго!“, ги крена веѓите овој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Има, рече потоа и ми го побара пасошот. Му го дадов, го зедов клучот и заминав во собата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никогаш, рече потоа. Никогаш доволно, повтори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дај ми го малиот Караман! - рече потоа весело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Остана сам, му реков потоа, колку да ја прекинам тишината.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Само со чунон мој, реков потоа. Ќе се префрлиме, реков, на најтесното место до другана страна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За момент се колебав како да постапам. Колку е убав, реков потоа, макар чудно и воздржано, и видов како на Симона му стана мило.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Неверојатно”, рече потоа на жената што седеше до неа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Ајде, - рече потоа пријателски, со онаа иста, глупава насмевка, ајде, малечок, не биди дете!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Секој оној што посегнал кон нечесно дело далеку не ќе втаса, рече потоа строго, сурово, познато.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Не!“ викна Роза и побегна во куќата водена од точното претчувство за неизбежноста на својата судбина; го слушам ѕвечкањето на синџирчето со коешто таа ја заклучува вратата; слушам како штракна бравата; ја гледам како уште во ходникот, а потоа јурејќи и низ останатите соби, ги гаси сите светилки за да не ја пронајде никој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Качете се“, рече потоа, и навистина: сѐ е подготвено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)