рече (гл.) - зашто (сврз.)

Или само знаев дека би ми го рекол зашто тамам мислев дека се спасив од онаа ѓупштина што ми бербатеше по куќата, кога, ги слушнам некаде зад куќата од каде што ќе влезат во задните простории.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гласно рече како да се плаши да не му ги чујат мислите, рече зашто сакаше да се оттргне од нешто: „Зошто не побарате друг? Заради пари?“ Се покаја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, не бев многу сигурен во тоа што си го реков зашто годините ми се тука, притисокот сериозно ми шета, срцето ми прескока, брзо се заморувам од што ми се сечат нозете.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)