реши (гл.) - прашање (имн.)

Нема сомнение дека најлесно тој ќе го реши прашањето за јазикот во училиштето и во месната управа во тие места каде што живеат патријаршисти со грчки јазик, Арнаути муслимани и католици и Турци муслимани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Помачно ќе може да се реши прашањето во тие места каде што има: 1. патријаршисти Арнаути, 2. патријаршисти Власи, 3. патријаршисти Словени, 4. Словени муслимани и 5. егзархисти Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се реши прашањето кој ќе биде во Врховниот комитет, бил свикан Осмиот вонреден „македонски“ конгрес, што се одржал во април 1901 година.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
147 И сѐ беше во ред до крајот на 2004-та, кога се очекуваше да се донесе новиот Закон за радиодифузна дејност (2005) со кој требаше да се реши прашањето за статусот на т.н. локални радиодифузери во Р. Македонија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И во тој случај треба да се реши прашањето за односот кон него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Битен е и податокот дека во рамки на радио станицата имаше основано синдикат на ниво на работодавач, во кој работниците уплатуваa месечна членарина – а кој бeше член на гранскиот ГИФИХ (кој, пак, делува во рамки на CCM).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред два месеца, Лила требаше да му се придружи тука и да му ја скрати многумесечната осаменост, но таа веќе по третпат му најавува дека сѐ уште не ги решила прашањата со одржувањето на нивниот комфорен апартман, па уште извесно време ќе остане во Софија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)