реши (гл.) - во (предл.)

Имено, парничната постапка, меѓу другото, се прекинува, и кога: – двете странки тоа ќе го побараат заради решавање на спорот со медијација или на друг начин (чл. 200, ст.1, ал.5 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откажувањето на страните од медијацијата не влијае врз нивното право спорот да го решат во судска или друга постапка (чл. 3, ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Страните во спорот доброволно ја поведуваат и учествуваат во постапката за медијација и во секое време можат да се откажат од истата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот е должен, во споровите во кои е дозволена медијација, заедно со поканата за подготвителното рочиште [или за прво рочиште на главна расправа] да достави до странките писмено укажување дека спорот може да се реши во постапка за медијација (чл. 272, ст.2 и чл. 436, ст.3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Проблемот на националниот идентитет во Источна Европа е длабок и нема да биде решен во блиска иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во очекување на најавената испечатена верзија на одржаните излагања, решивме во Маргина да објавиме еден од приложените трудови (на г-динот П. Вулкански), проценувајќи дека прашањата загатнати во текстот „Мултимедијаноста како парергон?“ се мошне индикативни за нашава рубрика „Маргина - елементи на самосвест“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Затоа се решивме во оваа рубрика да го објавиме тој текст. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 7 Пандалф Вулкански МУЛТИМЕДИЈАЛНОСТА КАКО ПАРЕРГОН?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дилемата ја решив во своја корист. Без видување!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Солунскиот конгрес решил во престојната пролет во Македонија да се дигне општо востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мајка ми ужас ја фати од мојата приказна и рече дека ќе побудалела од страв да знаела каде сум и што ми се случува, а татко ми додаде: - Наша грешка е што имаме премногу доверба во нив и не ги контролираме построго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сфатив во тој миг дека нему не му е толку многу до тоа да не ме караат за велосипедот, туку да не му ја расипам идејата што му се чинеше многу возбудлива, па решив во негова корист. Премолчав за велосипедите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со очите изразив вчудовидување, а тој продолжи: - Еден месец подоцна, на 4 август солунскиот весник “Елиникос Ворас“, со големи букви вака ги извести своите читатели: “Жителите на убавото костурско село Крија Нера17 кои досега покрај грчкиот зборуваа на еден туѓ дијалект, трогнати од одличната иницијатива на патриоски расположеното население на селото Каридја – Птолемаида, спонтано решија во присуство на месните власти да се заколнат дека целосно ќе го заборават тој јазик и во иднина така тие, како и нивните синови, исклучително ќе зборуваат на грчки јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сигурно ги истенчил усните, ги набрал веѓите, премолчил пред оној кој му го кажал тоа, решил во себе: - Ќе ми платиш! ***
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)