реши (гл.) - веднаш (прил.)

„А да би могол да ја заборавам една навистина ретко убава девојка, каква што си ти, решив веднаш да се оженам за друга.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Уплашени и покорни Руса и мајка ѝ му ја дадоа, но тој не се реши веднаш да го стори намеруваното.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој пакосен совет беше само гракање.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тогаш решив веднаш и целосно да ѝ се посветам на оваа Кралска тема и да го запознам светот со неа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Научиле еден многу важен збор и решиле веднаш да состават хор.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)