реши (гл.) - дека (сврз.)

По извесно време, решив дека ова што ми го прават комшиите над мене, па макар биле и група претседатели, членови на кралски семејства или други великодостојници - воопшто не е фер.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Чуму тоа? Ако решиле дека е потребно да се уништат, Боже мој, нека се стори тоа, и готово.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На крајот од таа средба пред Кајтл, Јодл и Рајнхард Хајдрих, Фирерот истакнал дека „тамошната голема еврејска заедница, со нејзините различни врски, претставува голем проблем”, по што издал и наредба за непосредно оддалечување на сите Евреи од Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Види ги – решив дека е време јас да се јавам – гугувкаат како гулапчиња.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ајде сега затворајте ја вратата па да видиме што убави работи ви испратила, ќе даде Севишниот, идната сваќа...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Земајќи ги предвид насобраните сознанија за животот и за луѓето дали и денес би постапил така како што постапив тие денови? Не сум сигурен...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, во тој момент станав свесен за чудното, самобендисано, неодговорно дури и опасно однесување кон нашата иднина на поголемиот број мои пријатели, и помислив, не, не помислив само, туку и решив дека морам да ѝ се спротивставам на неодговорноста и на алчноста...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина ќе треба да ја посетам, и тоа само уште еднаш, за да утврдам дали до крај ја имам исцрпено од себе си.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тоа се случи и синоќа…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па и Стојна, (бидејќи е најблизу), и моето колебливо однесување; бев нели решил дека е крајно време сосема да ја заборавам, па сепак, при случајните пребарувања низ тој недорасчистен полигон на крвавите чувствени пресметки, каква што беше и онаа сношната, се случуваше неочекувано да истрча лично таа и тоа облечена во онаа нејзина кожа од далечната младост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оваа лубеница таа ја нарече своја и црсто беше решила дека не смее да се јаде.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таква каква што бев, страмежлива и занесена во некој мој свет, решив дека за ова нема на никој да кажам. Тоа беше нешто само мое.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И јас решив дека не сакам да отидам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Им го кажав ова на многу луѓе, па ќе ти кажам и тебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Твојата книга имаше врз мене ист ефект како Gravity's Raibow.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Злите јазици го сврзуваат тој восхит со некој голем празник, што се совпадна со денот на моето појавување на свет, но јас досега не сфаќам, каква врска има некаков си празник?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом ја загледав околината, јас решив дека за почеток, треба да пораснам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом за две години напишав четири раскази, решив дека достатно работев на полето на руската литература и решив темелно да се одморам, но дојде годината 1905 и ме потфати, ме заврте како иверче.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, барем ние со вас знаеме што е вистината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ги присобра уште ситните деланки кашкавал, што беа останати во крпата, во која еднаш имаше цела полутина од питата, а после го донесе тука и шеќерот, што беше преостанат во една метална кутија и реши дека сета таа храна може да му стаса сила-сила за уште два полугладни дена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во еден миг, додека стоеше потпрен до едно од тие стебла, реши дека ќе продолжи напред сѐ додека тие просенувања не му се доближат толку многу, за да му го стеснат кругот така, што веќе да не може да пречекори од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таман ќе се решам дека е добар едниот, наидувам на препрека која ме враќа назад.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Моментално вентилирам раздвижувајќи ја енергијата околу мене. Дефинитивно решив дека веќе нема да водам војна со моите желби и задоволства.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така на крајот решив дека нема повеќе да размислувам за тоа сѐ додека повторно не се вратам меѓу луѓето.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Реши дека мора да направи план за наредниот ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На почетокот си мислеше дали да го слуша Болеро, но реши дека тоа е веројатно големо клише за Французинката и дека - иако нему страшно му се допаѓаше - не треба да го пушта.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога одеше така, задникот повеќе ѝ се истакнуваше, а и се подзатресуваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во меѓувреме со Змејко решивме дека е најдобро и јас да одам на брод.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Поговор Токму кога решив дека е вистински крај на сите мои макички, се случи после испитот по информатика се вратив дома, унакажана од разочарување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Си решив дека кое и да е злото ќе го решам јас самата, нема да верувам никому. Така и беше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)