рие (гл.) - во (предл.)

Само срцето боли. И мислата како сврдел рие во мозокот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кире, со клечка долго чепка и рие во земјата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Изгревот затоа што од првите до последните зраци риеја во каменестите планини, а заодот затоа што од последните до првите зраци, истоштени, гладни и жедни покрај вода честопати беа будени и терани да ги слушаат лелеците и криковите на тие кои ноќе беа тепани, горени со усвитена жица, давени во кофи наполнети со човечки нечистотии и дење изложувани на потсмев.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И ете ти го таму Гаро, песот на Симона, душка околу и рие во земјата. Мрш, му велам, скоту еден!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Трпки лазат по телото, навираат солзи: неискажлива тага!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека сите му ја стиснуваат раката на Димостена, а најсилно Чана, Пелагија во себе си зборува Ете што било она што ми риеше во градите! Средбата со Димостена!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- потврди Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А длабоко риев во жената која сакаше да исцица се од мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)