роди (гл.) - од (предл.)

Косите ни растеа и се преплетуваа една во друга. Се родивме од булки.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Тоа беше пат кој сам од себе се роди од хаосот: Огледало, отворено пред неговите очи, кое јасно го покажуваше вртежот на компасот во сите можни правци, пулсирајќи во ритамот на сончевината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сѐ што ќе замисли пладнето ќе блесне и ќе се роди од залезот што бега со таа течна леќа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се родивме од булки. Кожите ни дишеа како стеблата на нашите родилки.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Се сврза таа моја рана ука за говор со тоа што најден сум, а не роден од утроба женска, или, ако сакате: роден сум од незнајна утроба женска, о благоутробни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)