сака (гл.) - бев (гл.)

Момчињата од Америка го копираа кокни-стилот за да смуваат некоја девојка, а штом ќе наидеа на некој вистински Лондонец, се обидуваа да го натераат да им раскажува што подолго, без разлика што тој раскажува, само за потоа да можат подобро да му го копираат говорот. (...) Работа која отсекогаш сум ја сакал беше да ги слушам луѓето што зборуваат еден за друг - на тој начин ќе научиш колку за оној што се зборува, толку и за оној кој зборува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Британските групи како Битлси, Ролинг Стоунси, Гери енд Пејсмејкерс, Кинкс, Анималс, Јардбирдс итн. наидоа и ги променија сите ставови за тоа што е, а што не е во фазон. Tough-big-city-teenage look или Mod и Edwardian.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нема да ги затворам очите пред новото изгрејсонце, почеток на обичен пријатен ден и илјада причини за живеење, а ти беше единственото нешто совршено...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можејќи да го расипе она што беше го направил, нешто за што знаеше дека е невозможно, она што најмногу го сакаше беше извесно ублажување на суровоста за тоа што беше го направил.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сѐ што сакаше беше да лежи мирно и да чувствува како силата му се насобира во телото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А се што срцево сака беше одалечено не повеќе од половина час возење до едноставен убав свет создаден само за мене, односно пријатно место за создавање едноставна убавина и нема да дозволам некој да ми го украде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мене, секако, ништо не ми беше јасно, па љубезно го замолив да ми каже што подразбира под тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сѐ што сакаше беше да ја има повторно фотографијата в раце, или барем повторно да ја погледне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)