сака (гл.) - има (гл.)

Чекаат. Има таква граѓа, рекол настариот. Колку што сакате има.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Застанати во ходниците, потонати во молк, се обидував да ја проценам искреноста без помпезни гримаси и сарказам, скандалозен перформанс би изгледал како лудило а сентименталните работи како баналност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но не сакав да верувам дека во срцето на тој што го сакав имало место за такви чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Како најроднина, сакал- не сакал имал- немал, ќе ги земам дома да ги нахранам и да ги преоблечам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)