сака (гл.) - може (гл.)

Имаш ли денеска грош, шо сакаш можиш да најдиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
3 Ваквиот начин на работа не беше присилно даден на вработените, туку секој кој сакаше можеше да ја прифати или да не ја прифати оваа опција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2 Како и повеќето претпријатија во тој период, така и со „Центро“, се случи слично разработено „при[х]ватизациско“ сценарио.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓу останатите законски опции, на вработените од фирмата, им 237 беше понудено да станат акционери во истата, односно да купат акции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Му реков дека немам мобилен, но ако сака можам да му дадам фиксен број.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кој кога сакаше можеше да ја има.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако сакате можам и понатаму да ја тргнам границата...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Или ако сака може да си го земе. Му го продавам како половен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Би сакал да ве поканам на една прошетка, а ако сакате можи да седниме некаде на ручек, со оглед на тоа дека имате пауза за ручек.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Ако сакаш можеш да преноќиш вечерва кај мене - вели Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Заштитени сме само од дожд, а ветерот од кај сака може да влезе, пишувам во белешката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но таа ги немаше Анѓиниот карактер и волја, бидејќи беше ќерка на чифчија – роб, та не знаеше дека Турците се нивни господари и што сакаат можат да прават со чифчиите, та дури и да ги продаваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но тогаш дојце Таа, се колнам, во што сакате можам да ви се заколнам, ми рече: Што е, Леме, ти веќе не веруваш, тешко тебе, синко.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Ако сакате можете да си ги смените местата.“ „Не, така сме свикнати!“ пак во еден глас.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако сакате може и ластик!“ го извлече ластикот од џебот Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А дотогаш, кога сакаш можеш да се возиш во автобусот и секогаш да седиш на ова место крај мене.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)