сака (гл.) - нејќе (гл.)

И ние така; ќе си бараме некој калнокапец, ќе си го земеме домазет, ем ќе си го повеламе како шо сакаме, ќе нѐ слуша. Сака нејќе, ем дома ќе си седиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Крстета му се расипа планот. Сакаше нејќеше, остана зимото дома да ја гледа одблизу Анѓа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Излезе пак надвор, донесе едно уште поискинато козинавче и и го префрли на Доста до гради, па сакаше нејќеше, се заеука да ја доврши работата што ја започна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас му реков дека мојата трговија и мојата работа е поврзана со сите, и со рајата и со Турци, спрема сите, сакал нејќел, сум погрешил, та на овој начин сакам да ми се простат гревовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега син му сакал нејќел ќе се отсрами и сам ќе оди во народната кујна. Пеша, со парчосани сеќавања на татка си.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тоа е таа стојанхристовска насока, која ние сакале нејќеле сме должни да ја регистрираме и внесеме во нашата литературна наука, во практична употреба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)