сака (гл.) - го (зам.)

Можноста за апсолутниот настан, безосновната основа на иницијативата секогаш му преостанува, секогаш мора да му се надоградува. 4Води ли тоа кон воспоставување на некоја група? 4Поточно, кон некаква “таканаречена” заедница отворена за луѓе кои “сакајќи го тоа”, пристанувајќи на пристапување, заминуваат читајќи и пишувајќи сосема различно од дотогаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не сакајќи го изгреба по стомакот кога му го влечеше каишот од фармерките.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од друга страна, пак, ме интересираше како ќе изгледа таа нова средба меѓу татко ми и Вера и дали тоа има некаква врска со разговорот на тетка Рајна и татко ми, што не сакајќи го слушав вечерта.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа бара попо­ дробно расчленување на нештата, и можеби еден ден ќе се обидам тоа да го објаснам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не сакајќи го слушаше разговорот помеѓу Ивана и Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сеќавањето на мајка си му го кинеше срцето затоа што таа почина сакајќи го, додека тој беше премногу млад и себичен за да ѝ возврати со љубов и затоа што на некој начин, - не се сеќаваше како - таа се беше жртвувала себеси на едно сфаќање на лојалноста, кое беше приватно и непроменливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стојо се понамршти, ама сакајќи го Трајко како и Илка, како браќа што се вели, промрмори caмо едно: — Таа е ваша работа, браќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)