сака (гл.) - мене (зам.)

Тој во своите скулптури ги испитуваше неорганските материи, како што се железото и бакарот, и органските материјали, како што се земјата и дрвото, како можни извори на физичка топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи вечно барал едно топло тело кое би му “пасувало”, уште од самиот почеток на својата кариера тој бил опседнат со телесноста, испробувајќи различни тела, животински и човечки, женски и машки, или идентификувајќи се со нив на еден протејски начин во своите дела.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во „Којот: Ја сакам Америка и Америка ме сака мене“, 1974, на пример, живеел и се поистоветил со едно животно -којотот - настојувајќи да ја впие неговата топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Амин, амин, амин шо ми сакаш мене господ нека ти умножи тебе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако не знам некој друг работа, ами вие сакате мене да лажите на мојот занает?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знам дека ме сака мене, неизмерно многу.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тие не ме сакаат мене, го сакаат силното чувство што го имам за тебе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Толку да не ме сака мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како што сакаат мене да ме избришат...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зар му чини што сака мене да ме даде за Никола Гзарков?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Нели е така, брате Никола? - Но ние мислевме дека овој Онисифор фрлил оган врз кутриот Арсо, со полна уста побрзал Никола Влашки наведнат над склопец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Затоа ме ловевте, сакавте мене да ме бесите. - И ќе те обесеа ако те најдеа тие што те ловеа, рекол Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто пак да не се земеме кога уште од малечки се сакаме? А Анѓа ме сака мене и како брат и како ерген!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој самиот им го кажувал тоа на сите дека ме сакал мене и дека не можел да ја преболи разделбата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас сакам вода и водата сака мене нашата љубов е взаемна ѝ земам ме зема.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но Татко, неочекувано за Мајка, веднаш го про­мени текот на својата мисла: – Јас би сакал мене Севишниот прв да ме земе! – Ти, мили, пак старото, не мешај се во работите на Севишниот! – пресече веднаш Мајка. – Природно е мене прв да ме земе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)