сака (гл.) - нешто (зам.)

Вратарот се упати кон Татко. Сакаше нешто да му каже, но се двоумеше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Седиме во дворот, на зелената мека трева и убаво ни е. Убаво ни е, но сакаме да ни биде поубаво, па сакаме нешто да правиме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Многу е убаво да можеш и да знаеш да сакаш. Да ги сакаш нештата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Татко ја подава главата преку војниците, сака нешто да каже, ама некоја болна претпазливост го стега и не му дава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакаше нешто да каже, нешто што мораше да се каже, но се снебиваше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Убаво ни е, но сакаме да ни биде поубаво, па сакаме нешто да правиме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Би сакала нешто да каже, но не може. Не умее.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сака нешто да ми прочита во нив, низ црнката да ми се провре во срцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да сака нешто да досегне, за нешто да се фати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа наеднаш ја крева главата кон мене, ги исправа ушите и како да сака нешто да праша, за нешто да помоли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)