сака (гл.) - секој (зам.)

И тие сиромаси не сакаа секоја есен да се селат и нови меќани да прават, ама нивните нивчиња беа кое осмак, кое шиник семе, та немаше што да гнојат, што да ораат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А што се однесува до Даниел, се чинеше дека тој сакаше секоја минута да ја мине со Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа го сакаше секое нешто што раснеше, како да никнува од нејзината утроба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го сакам секој агол од моето минато, секој момент од приказната на мојот живот, тие создаваат интегрум, неповредена целост на моето битисување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)