сака (гл.) - таков (зам.)

Премногу е интелигентен. Гледа премногу јасно и зборува премногу отворено. Партијата не сака такви луѓе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А ти, божем, не би сакал таков кум да те венча!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Прв, па прв! Што си ќускија! А што би било кусо да биде и втор, трет...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тоа беше приказната за дедо Иван, но Бојан не ја сакаше таква.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не се сакаше таков, бараше во себе сили да ѝ се противстави на таа зачмаеност, но не успеваше да ги најде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не, вели тој, не сакам такви расипани работи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да си признаам, јас до безумство ги сакам таквите жени.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од тебе сакам таква пеена, не како од Николаќија само јас да се почудам, ами сите да ги почудиш!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Честопати повеќе ги сакаат таквите дела, заедно со настраните значења што тие дела ги изразуваат, отколку некакви експлицитни, отворени, тематски геј-претставувања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се разбудив. Не сакам такви соништа.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
„Знаеш дека не сакам такви работи,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не сакаш ни алкохол, па сепак вечерва пиеш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште веднаш да ви кажам дека моето враќање во Скопје воопшто не ми донесе утеха, некаков надомест за сѐ она што ме снајде во Битола од проста причина што овде уште помалку имаше некој што можеше и сакаше такво нешто да ми учини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)