сака (гл.) - ти (зам.)

— Нема драскале, нема. Нема пријателство кога сакаш ти да вјавнеш мене. Секој вардит својот грб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арслан се врати по истиот пат на сретселото и им се обрна за последен пат и на селаните и на врзаните: — Е, што велите вие сега?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И без да сакаш ти веќе влезе во едно грдо време во кое, загледан во оние исконски карпи на твојот роден крај, ти осознаваш дека и не е многу тешко да се стане камен; бигор и мрамор, дури.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Мрамор 2
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Селанецот не ја разбира ревољуцјата, та и келку сакаш ти нему објаснувај, тој пак ќе ти меле за волови, овци и ниви и... да ви кажам дека по победата нема да има селани, ами сите ќе бидеме пролетери со две силни раце со кои ќе работиме за големото дело на комунизмо...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие сакаат ти постојано да пукаш од енергија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во браќата пак се разбуди злото. Што сакаш ти, коњ со шест нозе, но тој, арабаџијата, ги познаваше коњите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стоеја потпрени еден на друг и се срамеа. „Остави го, Мироне“ , рекоа. „Тој е сакат.“ Во очите им лежеше лилава меланхолија и молеше - остави го Мироне, а тој, насилник со жед на сувите усни, уште еднаш праша со закана крстосувајќи ги рацете на гради: „Што сакаш ти?“ На ниското чело можеше да му се прочита дека знае да биде до крај безмилосен кон противниците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И сепак чу? „Што сакаш ти?“ На двајцата кепеци им беше непријатно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„А што сакаш ти? Замисли да ти дадам кошула.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„А што би сакал ти?“ „Би сакал чорапи,“ рече Френк.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На сите фотографии изгледам многу полошо одошто во природа, барем мене така ми се чини. – Што сакаш ти, фотографскиот апарат да те разубави? – ме зафркава брат ми. – Не е шминкер!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мавтав долго, сѐ додека можев со очи да го следам авионот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти ... Што сакаш ти? Или бори се - или... Гледај, ме уапа...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ЕВТО: Тука се гавазите. (Пауза) КАЈМАКАМОТ: Што сакаш ти? ЕВТО: Ефенди Кајмакам ... КАЈМАКАМОТ: Не може. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Многумина сакаат ти да ни бидеш башарија. Онисифор Мечкојад се исправил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Остави ме. Не можам да помогнам. - Можеш, уверливо рекол Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Што сакаш ти, Онисифоре? Кажи веднаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да му се стемни, пред до клепки да потоне во поплавата на безумноста видел дека небото над него е мртво око на закланата вселена и видел во тоа око блескав цвет од лилава и бакарна и зелена светлост, за да му покаже во што да го забуцал ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тоа не може да се купи – вели Зоки. – Што сакаш ти всушност?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сакаш дружината да ја разбиеш!? А-а-а!? Тоа сакаш!? Или сакаш ТИ да командуваш?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Можам нешто да те прашам, вели. - Прашај, му велам. - Од кај си, ми вели. - Да не сакаш и крштеница, му велам, да не сакаш ти да ме сослушуваш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)