сака (гл.) - јас (зам.)

Ти остана детенце, утеха една во жалост, бујно ко фиданка в гора, За подвигот татков со восхит ти, иако мало, сакаше јас да ти зборам.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Вечерва за прв пат станав свесна дека Ромео е одвратен, стар и нашминкан дека месечината во овоштарникот е лажна дека сценографијата е простачка дека зборовите што морав да ги кажам не се вистински, не се мои зборови, не се тоа што сакам јас да го кажам.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сакам јас ќаа да бидам, та да се подучам како се пасат брави — му одговори Мирче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не сакам јас ништо.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Учителката ни рече да нацртаме маче. Сакам јас да има најдобар цртеж но не знам да нацртам маче. Ќе ми нацрташ ли ти?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Право кон мене, како да сака јас да го заштитам.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога ќе сакам јас да кажам нешто за Америка, веројатно ќе напишам есеј за Америка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кирил и Мане си тераат некој свој муабет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како по обичај, не ме праша што сакам јас, само требаше да се влечкам по неговите одлуки како послушно кученце кое го следи својот газда.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Маќеа сакаш татко да ни донесеш, сакав јас така грубо да му речам, но во тој момент ми излезе пред очи ликот на учителката Вера и не знам зошто тоа „ маќеа“ не можев да го поврзам со неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Што сакам јас? Можеби ништо, можеби самјакот и нема желби или, доколку ги има, тие се поинакви од желбите што ја движат глутницата на неговиот видик.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Навистина, можеби е време да се запрашам што сакам јас?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Добро ма, Тодоро,“ ѝ се заврте тој на жена си, „та каков сакаш јас да бидам?“ „Како Крале Марко”, отсече веднаш таа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаејќи што сакам јас, знам што сакаат тие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Знаев да не јадам со денови во знак на протест што не смеам да излезам кога сакам јас и да се задржам надвор од дома колку што сакам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Понекогаш останувавме така еден миг за да ја набљудуваме во тишина...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не зборувавме пред „Ангелус”-от...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го сакам јас тоа, куглањето...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не би сакал јас да сум тој што ќе ја доведе акцијата во прашање. Ме разбирате...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ниту сакаше јас таму да заминам, не пак да останам, макар што мајка ми, од турска рода, беше постојано со мислите свртена кон Турција, верувајќи дека таму ни е спасот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Судбината сакаше јас, по многу години, прв, вистински да отпатувам со возот Балкан-експрес.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Добро, вели Неделко Сивески, ако сакаш јас ќе ти го прочитам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој си вели: оти јас да умрам, нека умре оној што сака јас да умрам. Ако беше убава смртта и господ ќе умреше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зборувавме за такви нешта, наместо за оние за оние за кои што сакав јас. Тој ме слушаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)