сака (гл.) - долго (прил.)

Наместо со Освалд да се послужев со светлосните години, веќе ќе имавме внучиња; но кога се сака долго и слатко, кога постои стремежот да се дојде до крајот на едно долго чекање, пологично е да се одберат полжавските години.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една чудна миризба на сончевина и на тих домашен говор, сакаше долго да ја има на лицето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)