сака (гл.) - заедно (прил.)

- Ќе живее – смирено рече тој – само што ти нема да можеш веќе да ја видиш и да бидеш со неа, но тоа не значи дека таа ќе престане да постои.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Братко, ајде, станвај, ни стигна пратка од Америка! Сакам заедно да го отвориме.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Не ме интересира, сакам Мила да живее, сакам заедно двете да патуваме, сакам да ја запознаам со тебе...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сето тоа, сакаше заедно со мигот да го издлаби во својата длабока потсвест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)