сака (гл.) - конечно (прил.)

Имаше зборови коишто потсетуваа на некогашната убиствена моќ, а сега како поразени остануваа во речниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Убивајќи го мојот сон, како да сакаа конечно да го совладаат и Бога во мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И Камилски и Татко се бореа, секој на свој начин, во нивната необична мисија како да се скроти и конечно да се победи зборот од којшто луѓето сакаа конечно да се ослободат или да го скротат, конечно да го победат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)