сака (гл.) - малку (прил.)

Сакаме малку да ни остане за дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакаше малку да си играат ама не знаеше дали Ане е лута или не.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Всушност, сѐ си одеше по редоследот, но не баш по очекуваниот пат, ако внимателно се навратам на моите зборови и мисли, како на пример кога самата си реков дека сакам малку да се повлечам во Истокот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но за се треба двајца, а овие двајца односно ние двајца некако сѐ помалку имавме што да си кажеме, сѐ помалку ја гледавме смислата на нашата врска. Сакав малку да се тргнам од сѐ.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Ти знајш дека јас не сум политички активист и немам такви амбиции, но, ме интересира шо станва во моментов, оти врие Европава, па сакам малку да се информирам.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Да не сакате малку пипер, - праша Котевица од кај мијалката. - Може, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Па што да правиме сега? - праша Коте. Сега Проедросот, со рацете на масата, ги погледна братучедите и сакаше малку да земе здив пред да ги праша што ќе ги праша, но толку тогаш крцна трказот на вратата, влезе жена со послужавник в раце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)