сака (гл.) - многу (прил.)

Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сум сакал многу џабалеску на увце цигу-цигулеску и на усни оган изгореску А ти се мислиш ли сореску кога ме правиш кочанеску и уште ми велиш срам те билеску.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Го смирува тоа што Родна пак легнува, ја напикува својата топла снага крај него, а и тој, како и Вангел, не сака многу да оди по умот на жената.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се носеше коњот по желба на силниот вјавач, виткав ко змија на оган; пробиваше пат, спасувајќи на херојот глава - зашто го сакаше многу.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И дека татко знаел колку сакал многу да свири Јоше Свирачот, постојано го терал да му свири одозгора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
КИРО: Сега се мразиме, а? ЕВТО: Не се сакаме многу. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Корилче одвај чека да оздрави таа веќе еднаш, да си играат пак заедно, зашто тој ја сака многу повеќе од другата сестра, Верка, што често дури ја кубе за коса.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ваперите сакаат само ранети луѓе да мачат, вели, и сакаат многу на гајда да играат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)