сака (гл.) - некаде (прил.)

Во виртуелниот простор никој не може да биде препознаен и класифици­ран според бојата на кожата, полот, националноста, староста...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Или, доколку веќе сака некаде да се смести, секој е слободен да избере идентитет што му одго­ва­ра - постоечки или некој сосема нов.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лебот и сирењето ми паднаа од раце, в грло нешто ме стегна, некакви искри ми прелетаа пред очи, се стресов и сакав да заплачам, ама немав солзи, сакав да викнам, ама немав глас, сакав некаде да избегам, ама немав сили...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се може и без тоа. Ако човекот сака некаде да стигне, ќе праша.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа беше нешто како кога би сакал некаде каде што нема сонце некому да му ја покажеш својата сенка што идела по тебе или одела пред тебе додека сонцето греело. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сакаат некаде да се скријат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Споменува некои имиња, ги споменува: кравата, магарето, кучето, го спомнува патот. Сака некаде да оди, да патува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)