сака (гл.) - некако (прил.)

— Море, доброутро, домаќину, бре! — вика Манџик, братучед на Крлета и сака некако да го протера слепото магаре покрај Малови, ама овие знаат тој што сака и со една сопа го нападија над кале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја гледа Златко светлата ѕвезда секоја вечер и сака некако да ја скине од небото. Му се чини дека од ридот тоа не е тешко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Можеби сетило дека по неговите траги врвиме лисицата и јас па сакало некако да прикрие на која страна отишло.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сакаше некако да го разбуди, но ко кога виде дека нема никого да го налути поради тоа, не се загрижи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сигурно дека и е жал за сестра и и сака некако да помогне, но не умее. - Татко ми воздивна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога го гледаше како чисти или како готви за неа, сакаше некако да му помогне, но знаеше дека што и да направи, никогаш нема да успее да му ја надомести.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Можеби зашто тој страдал и немал апетит, таа го презела напорот да го изеде јадењето, реков во полушега јас, сакајќи некако ако е можно да ја оправдам чудната постапка на таа мајка што, ете, останала толку години во сеќавањето на Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сакав некако тајно и со шепот да влезам во нејзината душа.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Отсекогаш децата од Брезница најмногу сакале некако да се најдат кај Бистар Кладенец.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Малиот Мартин сакаше некако да може сосем да се пикне во татка си.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)